ЧЕЧЕНСКИОТ ЛИДЕР ГИ ПОЧИТУВА УКРАИНЦИТЕ Кадиров жали што тие не разбираат дека Западот ги искористува

Повикувајќи се на зборовите на секретарот на Советот за безбедност на Чеченија, Апт Алаудинов, кој е и командант на специјалната единица Ахмат, Кадиров вели дека украинската команда испраќа одреди војници во „речиси самоубиствени“ мисии.

478

Украинските сили претрпеа големи загуби додека извршуваа самоубиствени контраофанзиви во близина на Северск и Соледар, објави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на Телеграм.

– Нашите борци заедно со сојузничките сили ја продолжуваат офанзивата по линијата Соледар, Јаковљевка и Северск. Уништени се голем број непријателски персонал и опрема – изјави Кадиров на Телеграм, пренесува руската новинска агенција ТАСС.






Повикувајќи се на зборовите на секретарот на Советот за безбедност на Чеченија, Апт Алаудинов, кој е и командант на специјалната единица Ахмат, Кадиров вели дека украинската команда испраќа одреди војници во „речиси самоубиствени“ мисии.

Кадиров напиша дека украинските војници непромислено ги напаѓаат нивните позиции и дека тоа се повторува „четврт ден“.

– Го почитувам украинскиот народ и жалам што некои Украинци, не разбирајќи ја суштината на она што се случува, дозволуваат да бидат експлоатирани од Западот. Ако продолжи, тоа ќе доведе до неповратни последици за Украинците – напиша Кадиров на Телеграм.

Поврзани содржини