Чавушоглу воопшто не беше нежен со колешката од Шведска (ВИДЕО)

Чавушоглу ѝ забележа на Линде што ја повикува Турција да ги повлече своите трупи од Сирија, и ја обвини Шведска дека ги поддржува курдските екстремисти и молчи поради наводното грчко малтретирање на мигранти, кое Атина го демантира.

1,816

Шведската министерка за надворешни работи Ан Линде ѝ забележа денеска на Турција дека ја ограничува слободата на говор, бидејќи нејзиниот турски колега Мевлут Чавушоглу ја нападна политиката на Стокхолм за време на заедничката прес-конференција, која прерасна во караница.

Чавушоглу ѝ забележа на Линде што ја повикува Турција да ги повлече своите трупи од Сирија, и ја обвини Шведска дека ги поддржува курдските екстремисти и молчи поради наводното грчко малтретирање на мигранти, кое Атина го демантира.






– Сакам да ве прашам: со чиј авторитет ѝ кажувате на Турција да се повлече од Сирија или ја предупредувате Турција? – праша Чавушоглу.

Тој исто така додаде дека „ако сте толку чувствителни на човековите права, зошто тогаш еднаш не ја критикувате Грција?“.

– Јас сум ваша гостинка. Не би сакала тука да водам расправа. Само се надевам дека сите во Турција ќе имаат можност да ги изразат своите ставови искрено како и вие, министре – изјави Линде на прекорот на Чавушоглу.

 

Поврзани содржини