Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандес ја даде првата изјава по потврдата дека се враќа на „Камп Ноу“.
– Мој дом секогаш бил „Камп Ноу“, навивачите на Барселона се мои луѓе, моето семејство. Барселона е клубот кој го сакам. Сега сум дома, се гледаме наскоро – изјави Чави.
Тој прифати да му плати на Ал Сад 2.5 милиони евра за да го раскине договорот и да може да се врати во Шпанија.