Чави позитивен на ковид-19

264

Познатиот шпански фудбалер Чави Ернандез, објави дека е заразен со корона вирус.

Тој денеска наместо да биде на теренот и да ја командува својата екипа на дуелот со Ал Кор на рестартот на сезоната во Катар, ќе мора да оди во седумдневен карантин. И покрај тоа што е позитивен на ковид-19, Чави се чувствува добро и очекува брзо да се опорави.






– Го следев протоколот на Сојузот и пред неколку дена сум тестиран на ковид-19 и бев позитивен. На моја среќа, се чувствувам добро, но ќе бидам изолиран додека не ми кажат поинаку. Кога здравствените установи ќе ми дозволат радо че се вратам на своето секојдневие и на работа – изјави Чави.

 

 

Поврзани содржини