ЧАТ ГПТ ДЕШИФРИРАШЕ СТАРА ПОРАКА ВО ШИШЕ Линда, јави се!

Шишето со писмото украсено со цртежи на морски коњчиња, риби и чамци било откриено од Малте Бајер и неговото семејство за време на прошетка по една германска плажа во регионот Шварцвалд.

75

Благодарение на алатките за вештачка интелигенција како „ChatGPT“, делови од пораката во шише биле успешно дешифрирани – но личноста што ја испратила, извесна Линда, сега не може да се пронајде, иако во писмото побарала одговор од оној што ќе ја најде нејзината порака.

Шишето со писмото украсено со цртежи на морски коњчиња, риби и чамци било откриено од Малте Бајер и неговото семејство за време на прошетка по една германска плажа во регионот Шварцвалд.






– Разбрав само два збора – Англија и името на градот – рекол тој, па шишето го ставиле во корпа со школки како сувенир од одморот.

По извесно време, сопругата го потсетила на чудниот наод. Бидејќи Бајер се занимава со технологија и вештачка интелигенција, решил повторно да го испита писмото – овојпат со помош на современи алгоритми.

Како што знаел дека денес АИ може да дешифрира дури и хиероглифи, успеал да ја прочита скриената порака: „Кој и да го најде ова, нека ми пише“, проследена со адресата „5 Roslyn Crescent, Reading, England“.

Сепак, фирмата што сега се наоѓа на таа адреса нема никакви информации за Линда. Анализата покажала дека кога ја испратила пораката, најверојатно била тинејџерка.

Експертот за вештачка интелигенција Мајкл Ханиш за агенцијата ДПА изјавил дека ваквите техники на скенирање и анализа може да помогнат и старите текстови повторно да станат разбирливи. Новите големи јазични модели (LLM), објаснил тој, подобро го толкуваат контекстот бидејќи ги поврзуваат текстот и сликата како едно цело и можат да ги надополнат недостасувачките делови.

– Кога вештачката интелигенција ќе види нешто како порака во шише, може да прави заклучоци – и тоа не само за текстот, туку и за адресите и целината на приказната – додал Ханиш.

Поврзани содржини