ЧАСОВНИКОТ НА СУДНИОТ ДЕН ОТЧУКУВА, А РУСИЈА СЕ ОБИДУВА ДА ГО ВРАТИ ВРЕМЕТО Кремљ сака да спречи нуклеарна катастрофа, вели Лавров

Иако предупреди на опасноста од нуклеарна катастрофа, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, истакна дека од САД, Израел и Иран пристигнуваат охрабрувачки сигнали и дека вистински чекори кон смирување на тензиите би донеле олеснување за целата меѓународна заедница.

1,034

Часовникот на Судниот ден сѐ повеќе се приближува до полноќ, додека Русија се обидува да ги повлече стрелките назад преку напори за спречување нуклеарна катастрофа, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, објави руската агенција ТАСС.

– Глобалната безбедност можеби е најкритичното прашање денес – особено бидејќи злогласниот Часовник на Судниот ден продолжува да отчукува кон полноќ– рече Лавров во обраќањето пред вработените, професорите и пред студентите на Министерството за надворешни работи на Туркменистан и во Институтот за меѓународни односи.






Тој додаде дека е клучно да се спречи такво сценарио.

– Ние активно работиме на избегнување катастрофа – рече тој.

Сепак, тој посочи и дека САД, Израел и Иран испраќаат позитивни сигнали и дека вистинско движење кон решавање на конфликтот би било добредојдено олеснување за сите, се наведува во друга објава на ТАСС.

–  Вчера слушнавме охрабрувачки изјави од Вашингтон, Техеран и од Тел Авив, иако потоа беа проследени со прилично нејасни и контрадикторни ставови. Претпазлив сум во однос на претераниот оптимизам, но доколку овие идеи навистина бидат реализирани – и ние ќе го дадеме својот придонес во поддршка на тој процес – верувам дека целата меѓународна заедница ќе воздивне со олеснување – нагласи Лавров.

Во раните утрински часови на 13 јуни, Израел започна воена операција против Иран. Помалку од 24 часа подоцна, Иран возврати. Девет дена подоцна, наутро на 22 јуни, американски борбени авиони нападнаа 3 ирански нуклеарни постројки, со што САД директно се вклучија во конфликтот. Следната вечер, Техеран изврши ракетен напад врз Ал Удеид – најголемата американска воена база во регионот која се наоѓа во Катар. Според американските власти, нема жртви или значителна материјална штета.

На 24 јуни, Доналд Трамп објави дека Израел и Иран се согласиле на целосен прекин на огнот. Израелските власти потврдија дека го прифатиле американскиот предлог и соопштија дека ги исполниле сите цели од својата операција против Иран. За возврат, Техеран изјави дека извојувал победа над Тел Авив со тоа што го принудил еднострано да ја прекине агресијата.

ИРАН ЈА ПРЕКИНУВА СОРАБОТКАТА СО НУКЛЕАРНОТО НАДЗОРНО ТЕЛО НА ОН „Тие го отворија патот за нападите од Израел“

Поврзани содржини