ЧАРЛС ТРЕТИ ЌЕ ЈА ОТВОРИ ЕВРОВИЗИЈА Кралот ќе има посебно задолжение
Бакингемската палата објави дека кралот на Велика Британија прв официјално ќе ги запали светлата на евровизиската сцена
Музичкото натпреварување Евровизија официјално ќе започне на 9 мај во Ливерпул, а ќе го отвори никој друг туку кралот Чарлс Трети.
Имено, Бакингемската палата објави дека кралот на Велика Британија прв официјално ќе ги запали светлата на евровизиската сцена.
Како што пренесува Би-Би-Си, кралот Чарлс и неговата сопруга Камила во среда ќе пристигнат во M&S Bank Arena, каде ќе се сретнат со презентерите на Евровизија – Хал Санин, Хана Вадингем, Скот Милс и Рајлан Кларк.
Кралот таму ќе го пречека претставничката на Обединетото Кралство, Меј Милер.