ЧАРЛС, БОРИС И ЧАДОРОТ Британскиот премиер се „бори“ со чадор, а принцот од Велс се воздржува да не „прсне“ од смеење (ВИДЕО)

Видеото, кое со молскавична брзина се рашири на социјалните мрежи, покажува како принцот Чарлс се воздржува да не „прсне“ од смеа гледајќи го премиерот.

674

На принцот од Велс му беше доста забавна „борбата“ на британскиот премиер Борис Џонсон со непослушниот чадор.

Борис Џонсон беше фатен како се бори со чадор, додека на многу ветровито и дождливо време, тој и принцот Чарлс присуствуваа на откривањето на споменикот на полицајците во Националниот меморијален парк Стафордшир.






Видеото, кое со молскавична брзина се рашири на социјалните мрежи, покажува како принцот Чарлс се воздржува да не „прсне“ од смеа гледајќи го премиерот.

„Тепачката“ на Џонсон ги потсети корисниците на Твитер на настан од пред неколку дена, кога премиерот, мокар до кожа, и покрај чадорот, даде интервју за една телевизија.

Поврзани содржини