ЧАРЛИ ШИН НЕ ОДОБРУВА ЌЕРКА МУ ДА БИДЕ НА ПЛАТФОРМА ЗА ВОЗРАСНИ Семи Шин отвори профил на „Онлифанс“

Не го одобрувам ова. Но, бидејќи не можам да го спречам тоа, ја повикав да остане елегантна, креативна и да не си го жртвува нејзиниот интегритет, изјави Чарли за „Е!“.

283

Откако Семи Шин на Инстаграм го промовираше профилот на интернет-платформата за возрасни, „Онлифанс“ вчера, нејзиниот татко Чарли Шин го сподели своето несогласување на изборот на девојката што од неодамна е полнолетна.

– Не го одобрувам ова. Но, бидејќи не можам да го спречам тоа, ја повикав да остане елегантна, креативна и да не си го жртвува нејзиниот интегритет – изјави Чарли за „Е!“.






Ѕвездата од „Два и пол мажи“, исто така, рече дека профилот на Семи бил создаден додека биле во куќата на неговата поранешна сопруга Дениз Ричардс.

– Таа сега има 18 години и живее со нејзината мајка. Ова не се случи под мојот покрив – рече Чарли.

Дениз потврди дека Семи сама одлучува за себе.

– Семи има 18 години, а оваа одлука не беше заснована на тоа во чија куќа живее. Сѐ што можам како родител е да ја водам и да ѝ верувам на нејзиното расудување, но таа сама избира што ќе прави – рече Дениз.

Во февруари, „Бонд девојката“ призна дека односот со ќерка ѝ не е најдобар и дека Семи во тоа време живеела со Чарли. Но, потоа, Дениз, која ѝ е мајка и на Лола Шин (17) со Чарли, и на Елоиз (10), се пофали за „неверојатниот“ Ден на мајката, со коментар „Многу ми значи“.

Поврзани содржини