ЧАО ЈУВЕНТУС Роналдо си оди за годишна плата од 15 милиони евра

Според телевизијата „Скај“, менаџерот на португалската фудбалска ѕвезда, Жорж Мендеш, се обидува да најде клуб, кој ќе биде подготвен да плати 25 милиони евра отштета и плата за 36-годишниот Роналдо.

1,497

Англиски фудбалски шампион Манчестер Сити има понуда да го донесе во своите редови напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, јавија денеска англиските медиуми.

Според телевизијата „Скај“, менаџерот на португалската фудбалска ѕвезда, Жорж Мендеш, се обидува да најде клуб, кој ќе биде подготвен да плати 25 милиони евра отштета и плата за 36-годишниот Роналдо.






На Роналдо идната година му истекува договорот, а Јувентус сака да го продаде за да заштеди на неговата недела плата, која изнесува нешто повеќе од 500.000 евра.

Медиумите наведуваат дека Манчестер Сити сака да го ангажира Роналдо како слободен играч и би му понудил двегодишен договор со плата од 15 милиони евра по сезона.

Поврзани содржини