„Чао корона“: Масовно и без заштитни мерки жителите на Прага се збогуваа со ковид-19 (ВИДЕО)

Илјадници гости седеа на маса од 500 метри на Карловиот мост во Прага.

1,350

Во Чешка се одржа проштална забава со симболично „збогум“ на коронавирусот, и покрај предупредувањата на СЗО дека сè уште сме далеку од крајот на пандемијата, објави „ВВС“.






Илјадници гости седеа на маса од 500 метри на Карловиот мост во Прага. Тие споделуваа храна и пијалоци што ги донеле од дома. Гостите беа охрабрени да ги споделат со своите соседи и социјалното растојание не беше забележано. Организаторите на настанот изјавија дека прославата е овозможена заради недостаток на туристи во инаку посетениот град.

Во Чешката Република, која има 10 милиони жители, има помалку од 12.000 заразени. Околу 350 луѓе починале од ковид-19, соопшти „ВВС“.

Поврзани содржини