ЧАИР ПРЕПЛАВЕН СО ЛЕТОЦИ СО ПОВИК ЗА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ Граѓаните се заплашуваат со верски пораки
На повеќе локации во скопски Чаир денеска се појави пораката „Не гласај“ – испечатена на летоци или испишана со спреј по ѕидови на објекти и столбови на билборди.
Скопската општина Чаир беше преплавена на ден пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори,
На повеќе локации во скопски Чаир денеска се појави пораката „Не гласај“ – испечатена на летоци или испишана со спреј по ѕидови на објекти и столбови на билборди. Пораката е без да се посочува на кои избори да не се гласа – на парламентарните или на претседателските, пренесе 360 Степени.
На други пишува „Ако си муслиман, не гласај“ и „Плаши се од Алах, не заокружувај друг Господ освен него“.
Утре во Македонија се одржуваат парламентарните и вториот круг од претседателски избори. За да успеат изборите за шеф на државата, неопходно е на гласање да излезат повеќе од 40% од запишаните 1 814 317 избирачи, односно најмалку 725 727 гласачи.
Денеска гласаат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казнено-поправните установи во земјава. Според Државната изборна комисија (ДИК), на претседателските избори гласаат 11 123 болни и немоќни лица, а на парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи, односно гласаат 11 225 болни и немоќни лица.