ЧАИР НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА СТАНЕ СЛЕДНА ЖРТВА НА КОРУПТИВНИОТ РАКОПИС НА ОСМАНИ Од Вреди велат дека ексминистерот секогаш бил поврзуван со сомнителни тендери

„Дали Чаир заслужува да стане следна жртва на коруптивниот ракопис на Бујар Османи? Чаир заслужува чесност, развој и отчетност. Не заслужува човек чие име се повторува во секој извештај за криминал и злоупотреба“, се истакнува во реакцијата на Вреди.

1,102

Државниот завод за ревизија јавно потврди тоа што граѓаните одамна го знаат, дека Министерството за надворешни работи, во време кога министер беше Бујар Османи, спроведувало незаконски тендери поврзани со организацијата на самитот на ОБСЕ во 2023 година, реагира Коалицијата Вреди осврнувајќи се на ревизорскиот извештај за работата на Спортско рекреативниот центар „Борис Трајковски“ што беше објавен вчера.

Според ревизорскиот извештај, потрошени се над 120 милиони денари без јасна евиденција, не постои документација што точно е испорачано, инсталирано или оставено како трајна опрема во СРЦ ‘Борис Трајковски’, договорите и јавните набавки биле спроведувани без транспарентност и со сериозни законски пропусти.






„Ова е уште една потврда дека Бујар Османи, каде и да оди, зад себе остава сомнителни и криминални тендери! Ова не е изолиран случај, истиот Бујар Османи беше осомничен од СЈО за сомнителни набавки уште кога беше министер за здравство во владата на Никола Груевски. Граѓаните на Чаир добро знаат две работи за Бујар Османи: Прво, никогаш ништо не направил за Чаир, ниту еден проект, ниту една инвестиција, ниту една иницијатива. Второ, секогаш кога бил на функција, се поврзувал со скандали, сомнителни тендери и злоупотреби на јавни пари!“, се наведува во реакцијата на Вреди.

Оттаму прашуваат дали Османи е човекот што треба да ја води општина Чаир.

„Дали Чаир заслужува да стане следна жртва на коруптивниот ракопис на Бујар Османи? Чаир заслужува чесност, развој и отчетност. Не заслужува човек чие име се повторува во секој извештај за криминал и злоупотреба“, се истакнува во реакцијата на Вреди.

СКОПСКИОТ АКВА ПАРК ТОНЕ СО ГОДИНИ Наместо приходи, затворени врати и опрема без гаранција

Поврзани содржини