Чаир има 306 активни случаи, следат Аеродром, Гази Баба, Центар, Бутел и Карпош

889

Од регистрираните нови 193 случаи со kовид-19 во земјава, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, 140 се од Скопје, со што вкупниот број заболени во градот достигна 2.137, а активни се 1.425 случаи.

Најголем број активни случаи и натаму има во општината Чаир 306, потоа следат Аеродром со 119 активни случаи, Гази Баба и Центар со по 114 случаи, Бутел со 106 случаи, Карпош со 100 случаи и Сарај со 95 случаи.






Активни случаи има и во Кисела Вода 71, Ѓорче Петров 57, Студеничани  62, Шуто Оризари  46, Арачиново  33, Илинден 28, Петровец 12, Сопиште 11, Чучер Сандево 7, Зелениково 1, двајца се странци, а едно лице е нераспределено.

Поврзани содржини