ЧАИР ЌЕ ДОБИЕ НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА 2 МЕСЕЦА Помошно игралиште на стадионот на „Шкупи“ според стандардите на ФИФА

Проектот ќе се реализира согласно меѓународните стандарди на ФИФА, со висококвалитетна вештачка трева, атмосферски систем за одводнување кој овозможува користење и при неповолни временски услови, како и целосно осветлување за употреба во различни делови од денот и вечерта.

329

Започна изградбата на помошното игралиште во рамки на стадионот на ФК „Шкупи“, кое е инвестиција од буџетот на Општина Чаир.

Игралиштето ќе има површина од 4.644 м², со димензии 80 x 50 метри. Проектот ќе се реализира согласно меѓународните стандарди на ФИФА, со висококвалитетна вештачка трева, атмосферски систем за одводнување кој овозможува користење и при неповолни временски услови, како и целосно осветлување за употреба во различни делови од денот и вечерта. Работите се очекува да завршат во рок од 45 до 60 дена.






На настанот присуствуваа првиот заменик-претседател на Владата Изет Меџити, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, заменик-министерката за спорт Сафие Шахини Садики, претседателот на Советот на Чаир Jетмир Асани, пратеничката Фериде Хаџиу, како и тренери, спортисти и претставници од спортската заедница.

Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу истакна дека овој проект е уште една потврда на посветеноста на Општината кон создавање современи и одржливи услови за развој на спортот и поддршка на младите таленти во Чаир.

Според Меџити, оваа инвестиција претставува конкретен чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во Општина Чаир и создава подобри услови за тренинг и професионален развој на младите љубители на фудбалот.

Поврзани содржини