ЧАИР ЌЕ ДОБИЕ МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР НА 4 НИВОА Ќе има библиотека, дигитален центар СТЕМ академија и театар

Чаир располага со големо младинско богатство, талентирани млади девојки и момчиња со исклучителен потенцијал, кои заслужуваат можности, поддршка и простор за развој, најави денеска кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити.

110

Во Чаир ќе се гради младински центар, проект кој има цел да им овозможи на младите просторот за развој, креативност и за иновации, кој сега им недостига, најавија денеска кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и кандидатот за општински советник, Аритон Рама.

– Со задоволство го претставувам еден од најзначајните и најдрагите проекти за мене лично, Младинскиот центар на Чаир, проект кој ја претставува мојата визија за еден модерен, напреден и кон иднината ориентиран Чаир. Чаир располага со големо младинско богатство, талентирани млади девојки и момчиња со исклучителен потенцијал, кои заслужуваат повеќе од зборови – заслужуваат можности, поддршка и простор за развој. Затоа изградбата на младинскиот центар ќе биде апсолутен приоритет на мојот мандат како градоначалник. Ова не е само физички објект, туку платформа каде нашата младина ќе може да учи, да создава, да се изразува и активно да ја гради својата иднина – изјави Меџити.






Кандидатот за советник, Аритон Рама ги опиша просториите кои ќе ги поседува овој објект:

– Младинскиот центар ќе биде изграден на четири функционални нивоа: Библиотека и сала за предавања – за учење, истражување и за културни настани. Дигитален центар со лабораторија за вештачка интелигенција, бесплатни обуки по програмирање и дигитална писменост, како и простор за стартапи и младинско менторство. Потоа, СТЕМ академија – која ќе нуди обуки во областа на технологијата, науката, уметноста и математиката. Ќе има и простории за театар, советување и за креативни активности, каде што младите ќе можат да се изразуваат слободно и без бариери – рече Рама.

Меџити и Рама потенцираа дека со овој проект гарантираат дека Чаир ќе стане центар на иновации, образование и naмладинска креативност, a mладите ќе имаат место каде ќе учат, ќе се развиваат и ќе ја градат својата иднина.

Поврзани содржини