ЧАДОТ ОД ПОЖАР НИ ГО УРНИСУВА ЗДРАВЈЕТО За луѓето со коморбидитети е најризично да се надвор
Научниците од странство ги испитаа сите начини на кои чадот од оган може да влијае на нашето здравје. Според нив, пожарите и чадот што го носат ќе станат сѐ подоминантен двигател на загадувањето на воздухот во наредните години.
Постои комбинација од фактори кои предизвикуваат влошување на квалитетот на воздухот, меѓу кои се и загадувачите направени од човекот. Експертите велат дека чадот од оган игра значајна улога во намалувањето на квалитетот на воздухот.
Пожарите и чадот што ги носат ќе станат сѐ подоминантен двигател на загадувањето на воздухот во наредните години.
Како влијае чадот од оган врз здравјето?
Сѐ поголем број студии укажуваат на негативните здравствени ефекти, вклучително и повеќе смртни случаи и хоспитализации, поврзани со изложеност на чад од оган.
Чадот особено влијае на респираторниот и кардиоваскуларниот систем, бидејќи вдишувањето мали честички чад предизвикува воспаление и, меѓу другото, ја намалува функцијата на белите дробови. Истражувањата покажуваат дека е особено опасно за постарите лица, бремените жени и луѓето со веќе постоечки болести.
Шерил Магзамен, истражувач на Универзитетот во Колорадо, која го проучува загадувањето на воздухот, во својата студија открила дека изложеноста на чад е „позитивно поврзана со хоспитализациите за сите респираторни исходи заедно, астма, ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест) и акутен бронхитис и кардиоваскуларен морбидитет“.
Вклучувајќи хоспитализации за сите исходи (кардиоваскуларни заболувања), цереброваскуларни исходи, срцева слабост и (исхемична срцева болест).
Студија од Универзитетот во Колорадо покажала дека чадот од оган понекогаш сочинува повеќе од 50 проценти од опасните честички во воздухот во летните месеци.
„Честичките од чадот се доволно мали – 30 пати помали од влакната на вашата глава, можат да навлезат длабоко во вашите бели дробови и всушност да преминат во вашиот крвоток“, вели Сара Филфилд, која работи во градот Мизула.
Истражување од август 2020 година
Едно истражување во Калифорнија претходно оваа година покажало дека вдишувањето честички од чад од пожари е „до 10 пати поштетно за здравјето на луѓето отколку честичките од загадување од други извори“.
Иако експертите сѐ уште ги анализираат точните детали во областа на истражувањето во области на изложеност на пожар, постојат силни докази за неговите штетни ефекти врз здравјето.
Студија на Универзитетот во Монтана, која го испитувала здравјето на луѓето кои долго време биле изложени на екстремно високо ниво на честички од чад открила „значително намалување на функцијата на белите дробови“, и таа кај многу жители останала намалена многу години.
Луѓето со коморбидитети, како што се астма или ХОББ, се изложени на поголем ризик.
Симптомите може да се третираат до одреден степен. Ако хипотезата на истражувачите на ЦСУ е точна, тогаш јавните пораки можат да им помогнат на луѓето да останат во затворени простории и да бидат свесни за ризиците од изложеност на чад.