📷 ЧАДОТ ОД ГАЛИЧИЦА СЕ СПУШТИ ВО ОХРИД Пожарот се гасне цел ден од двете страни на планината
Центарот за управување со кризи извести дека пожарникарите денеска цел ден го гаснат жариштето со два воздухоплова - едниот од преспанската страна кај Стење-Лескоец и другиот на охридската страна на запад кај месноста Војтино.
Охриѓани веќе неколку дена се жалат дека чадот од пожарот на планината Галичица се симнува во туристичиките места и во градот. Денеска тој беше видлив и од плажите. Ветрот го разнесува чадот, а видикот кон планината не е јасен.
Центарот за управување со кризи извести дека пожарникарите денеска цел ден го гаснат жариштето со два воздухоплова – едниот од преспанската страна кај Стење-Лескоец и другиот на охридската страна на запад кај месноста Војтино.
„Сите воздухоплови имаат свои технички карактеристики а летањето се одвива согласно посебно воспоставени воздухопловни процедури за гаснење на пожари на отворен простор како и шумски пожари“, велат од ЦУК.
Тие извесуваат дека до 19 часот денеска, имало вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои во моментов 14 се активни, 5 се под контрола и 18 се изгаснати.