🎥 ЧАДОТ ГО „ПРОГОЛТА“ ГРАДОТ Пожар беснее во Марсеј, апел до жителите да затворат врати и прозорци

405

Пожар во јужна Франција, кој беше поттикнат од ветрови со брзина до 70 километри на час, денеска доведе до затворање на аеродромот Марсеј-Прованса во времето кога започнува сезоната на летни одмори, објавува France24.

Локалната противпожарна служба објави дека 168 пожарникари работат на гаснење на пожарот што зафаќа околу 30 хектари во близина на Ле Пен-Мирабо, северно од Марсеј






Користени се противпожарни возила и хеликоптери.

„Во овој момент, населението мора да остане во своите домови. Затворете ги прозорците и вратите, ослободете го просторот за службите за итни случаи и не патувајте по патиштата“, се наведува во предупредувањето до граѓаните.

Локалната телевизија објави дека силните ветрови довеле до евакуација во Ле Пен-Мирабо.

Портпаролот на аеродромот изјави дека авионите не полетувале ниту слетувале од околу пладне, а некои летови биле пренасочени кон аеродромите во Ница, Ним и други регионални аеродроми.

Не е познато кога аеродромот повторно ќе се отвори, а жителите на Марсеј велат дека центарот на градот е покриен со чад.

Поврзани содржини