Францускиот претседател Емануел Макрон доживеа нова непријатност кога пристигна во Велика Британија во тридневна државна посета.
Медиумите пишуваат дека неговата сопруга, Брижит Макрон, го игнорирала додека излегувале од авионот, само неколку недели откако снимките од „шлаканицата“ во авион што ја доби Макрон станаа вирални.
Да потсети, тогаш Брижит му влепи шлаканицата на сопругот додека тој се симнуваше од авион во Виетнам.
Двојката слетала со приватен авион во Кралската воздухопловна база Нортхолт, каде што ги пречекале принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон. Додека се симнувале по скалите, Макрон ја испружил раката за да ѝ помогне на сопругата, но Брижит ладно го одбила и наместо тоа се потпрела на оградата.
Потоа Макрон несмасно ја спуштил раката и се свртел кон кралската двојка, каде што ја бакнал раката на принцезата Кејт во гест на наклонетост.
🇬🇧🇫🇷 French State Visit
TRH The Prince & Princess of Wales greet President Emmanuel Macron & Mrs Brigitte Macron on their first day of the State Visit to the U.K. pic.twitter.com/9ZIhBvVsec
— Imperial Material ♚ (@implmaterial) July 8, 2025