🎥 ЧАД И ПЕПЕЛ НАСЕКАДЕ, ГРЦИЈА ГОРИ Избувнаа 60 нови пожари во еден ден, огнот однесе најмалку 20 животи
Во Грција, во периодот од саботата до вторник гореа 300 пожари, при што изгореа повеќе од 400.000 хектари земја. Само во текот на вчерашниот ден избувнале 60 нови пожари, а огнот досега однесе најмалку 20 животи.
Грчките пожарникари веќе петти ден се борат да ги сопрат пожарите, од кои најголемите се во Еврос, Александрополис и во шумата Дадија.
Како што јави Екатимерини, пожарите се уште беснеат во другите региони на земјата, а главните фронтови каде пожарникарите се борат со пламените јазици се во шумите во близина на Атина, на островот Евија, Самотракија, Макракоми и планините Родопи на истокот од земјата.
Доцна во понеделникот беше наредена евакуација на болницата во Александрополис, пристанишен град во североисточна Грција, кој се наоѓа во област каде што пожарите беснеат веќе четврти ден.
Крајбрежната стража соопшти дека префрлила 65 пациенти од локалната болница на траект што чекал во пристаништето на градот.
Во градот Менида од три домови за стари лица превентивно се евакуирани 150 лица, кои се префрлени во градското собрание.
Over 60 fires have erupted in Greece over the past 24 hours, and thousands of people in an outer district of Athens have been put under evacuation orders.https://t.co/VwN1p9oL5Y pic.twitter.com/N7YX4O2BsS
— AFP News Agency (@AFP) August 22, 2023
Во Грција, во периодот од саботата до вторник гореа 300 пожари, при што изгореа повеќе од 400.000 хектари земја. Само во текот на вчерашниот ден избувнале 60 нови пожари, а огнот досега однесе најмалку 20 животи.
Осумнаесет јагленосани тела се пронајдени во зафрлено село во северна Грција, соопшти противпожарната бригада, пренесува Екатимерини. Медиумите, без да наведат извори, објавија дека телата пронајдени јужно од селото Авантас, во јужниот дел на регионот на Еврос, се претпоставува дека се тела на настрадани мигранти. Меѓу нив има и две деца. Овој регион е популарна рута за преминување на мигрантите од Турција преку реката Еврос.
Пожарот ги гори долните падини на планината Парнити, најголемата шума што граничи со Атина, која неколкупати горела. Хеликоптери постојано полеваат со вода на Парнити, за пожарот да не се прошири низ Националниот парк.
Илјадници луѓе во предградието на грчката престолнина Атина добија наредба да се евакуираат во вторникот додека пожарникарите се бореа со постојано растечкиот бран шумски пожари. Цивилната заштита нареди евакуација на Ано Лиосија во северозападна Атина, област со повеќе од 25.000 луѓе, додека во соседната заедница Фили, репортерот на АФП видел куќи во пламен.
Greek firefighters are struggling to contain uncontrolled fires throughout the country for a fifth day, several of them bordering Athens.
A fire ripped through the foothills of Mount Parnitha, the largest forest adjoining the capitalhttps://t.co/PqfJxLR0Ci pic.twitter.com/BdoVT8YAra
— AFP News Agency (@AFP) August 23, 2023
Волонтерите, исто така, евакуираа фарми од околните села.
На островот Евија, во близина на главниот град, властите го евакуираа индустрискиот град Неа Артаки доцна во понеделникот, каде пожарот ги оштети фармите.
Frantic rescue.@AFP‘s Angelos Tzortzinis photographs volunteers rescuing sheep from a burning farm during a wildfire in the village of Chasia, near Athens pic.twitter.com/3yF7wHVg27
— AFP News Agency (@AFP) August 23, 2023
Чадот од големиот пожар што беснее кај Александрополис се проширил на Халкидики и околните острови, а вчера бил толку густ што предизвикало необичен феномен што го виделе и го снимиле многу луѓе кои летуваат во тие популарни одморалишта – сонцето станало црвено.
Во вторник уапсени се четири лица под обвинение за намерно подметнување пожар и уште две лица поради предизвикување пожар од невнимание. Две лица обвинети за намерно палење се уапсени во Кефалонија и Загора, Јанина.
Високите температури и сувите услови кои го зголемуваат ризикот од пожари ќе се задржат до петок, велат метеоролозите.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа кои покажуваат како изгледа Атина опкружена со чад и пепел.
The image of Athens an hour ago… #φωτια #Πυρκαγια #Παρνηθα pic.twitter.com/OiG4TXig4u
— European Union Club (@EuropeanUnionC) August 23, 2023