📷 ЧАЈ ОД НАНЕ И МЕНТАЛНА ПОДГОТОВКА ЗА СРЕДБАТА СО УРСУЛА Вучиќ објави фотографија од Давос пред средбата со претседателката на ЕК
Српскиот претседател Александар Вучиќ со своите објави е во центарот на вниманието на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот официјален Инстаграм профил објави фотографија од Давос како се подготвува за средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– По синоќешната раклет, наместо ручек, чај од нане и ментална подготовка за средбата со Урсула фон дер Лајен – пишува на Инстаграм профилот на претседателот.
View this post on Instagram
Во швајцарскиот град Давос се одржува Светскиот економски форум, а српскиот претседател со своите објави од форумот успеа го привлече медиумското внимание.