ЦЕВКА Ѝ ПАДНАЛА ВРЗ ГЛАВА НА КОНЦЕРТ ВО КИЦ!? Повредена скопјанка итно пренесена во болница
46-годишната М.И. од Скопје, се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во КИЦ, информира МВР.
Скопјанка на 46-годишна возраст е повредена вчера, за време на концерт во Културно-информативниот центар во Скопје, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација, информира МВР во дневниот билтен.
„На 20.11.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М.И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во КИЦ Скопје, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – се вели во информацијата на МВР.