ЦЕТИНСКИ НА РОДЕНДЕНОТ НА ТОШЕ Запејте ја повторно „Есен во мене“ со Аки (ФОТО)

Тоше Проески денеска би наполнил 41 година, а по тој повод неговиот пријател Тони му упати емотивни зборови.

1,792

Хрватскиот пејач Тони Цетински на денешен ден се потсети на својот драг колега, кој прерано нè напушти.

Тоше Проески денеска би наполнил 41 година, а по тој повод неговиот пријател Тони му упати емотивни зборови.






„Среќен ти роденден, Тоше! Запејте ја ти и Аки повторно, онака од длабочината на душата, со вашите прекрасни гласови „Есен во мене“. Ве сакаме засекогаш“, напишал Цетински на својот инстаграм-профил.

Во склоп на објавата, Цетински направил колаж од неколку негови и на Тоше фотографии во форма на буквата „Т“, со уште една посебна порака:

„Засекогаш твои, потпишуваме“.

Инаку, естрадата како и сите луѓе ширум регионот на 22 јануари ги потресе веста за смртта на Аки Рахимовски, поради што Тони во својата порака го спомена и него, како уште еден пријател и колега кој го изгубил.

ФОТО: Инстаграм/Јутјуб

Поврзани содржини