Цензура на она што нѐ обединува

Ако ја цензурираш партизанската песна, одиш против тоа што навистина сите нѐ обединува и што е продукт на една историска вистина, НОБ, нашиот отпор и борба, конституирањето на македонската нација со сите атрибути.

769

Да смениш или да цензурираш партизанска песна не е мала работа.

Тенденција е, која полека се развива.






Партизанските песни во суштина се политички и идеолошки силно обременети со антифашистичкото значење.

Човек може да ги пее и без тоа значење, онака, комерцијално и испразнето од значење, може и само затоа што убаво му звучи.

Може и да не се пее и никој нема право да му замери на тој што не сака.

Ама кога се пее на државен празник и настан, таква песна, со јасно значење, во даден политички момент, и ти ја цензурираш и ја менуваш, е да, тоа не е добро и не би требало да се случува.

Тоа значи дека одиш против тоа што навистина сите нѐ обединува и што е продукт на една историска вистина, НОБ, нашиот отпор и борба, конституирањето на македонската нација со сите атрибути.

Ако ја цензурираш заради Бугарите, тогаш не само што не ја славиш победата на слободата над тиранијата, туку и една диктатура ја заменуваш со друга.

Поврзани содржини