Централниот регистар го продолжи рокот за годишна сметка до 25 март

До вчера 90 отсто од обврзниците доставиле завршна сметка.

316

По барањата за одложување на рокот за доставување на годишна сметка Централниот регистар го продолжи рокот за електронско поднесување до 25 март до 24 часот.

„Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот ковид-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови. Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за трговски друштва“, соопшти Централниот регистар.






Оттаму информираат и дека до вчера над 90 отсто од обврзниците ја поднеле годишната сметка.

„Сепак како сервисно ориентирана институција, секогаш сме подготвени да одговориме на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности“, соопшти Централниот регистар..

 

Поврзани содржини