📽️ ЦЕНТАРОТ НА СОЛУН ПОД ВОДА Невреме и на Халкидики, поплавени улици на Неа Флогита, големи бранови во Ханиоти
Во само еден час наврнал дожд колку за цел јули, Солун и околните региони погодени од силно невреме, властите во состојба на готовност.
Силно невреме со пороен дожд го парализираше Солун во четвртокот наутро, оставајќи зад себе поплавени улици, хаос во сообраќајот и повредени граѓани. Најмногу погоден беше центарот на градот, каде што врнежите за помалку од еден час достигнаа количина од дури 37 литри на квадратен метар, што според експертите од страницата „Weather Analysis“ одговара на целокупната просечна месечна количина на врнежи за јули.
Најдраматичниот инцидент се случил на авенијата Цимиски, една од најфреквентните улици во центарот на Солун, каде што мотоциклист изгубил контрола поради лизгавиот коловоз и се здобил со повреди. Иако деталите за неговата состојба сè уште не се целосно познати, службите за итна медицинска помош веднаш интервенирале.
Πλημμύρισε το κέντρο της Θεσσαλονίκης και οι δρόμοι γύρω από το Βαρδάρη#tanea #taneagr #news #rain #βροχη #kairos #καιρος #weather #thessaloniki #skg #viral #summer #fyp pic.twitter.com/eYTi1EDe7y
— TA NEA (@ta_nea) July 31, 2025
Локалниот медиум „ToVima“ објави дека шахтите пукале под огромниот притисок на водата, што дополнително придонело за поплавување на главните градски артерии. Солунските улици се претворија во вистински реки, поради што дел од сообраќајот беше привремено стопиран.
Според „grtimes.gr“, цивилната заштита останува во состојба на готовност, бидејќи временските услови се очекува да останат нестабилни и во наредните денови. Вакви поројни дождови се регистрирани не само во Солун, туку и во Халкидик, Кукуш, планинските делови од Епир, Тесалија, Спорадите и Тракија.
Силно невреме го зафати полуостровот Халкидики, при што обилните врнежи предизвикаа поплави во туристичките места. Членови на групата „Грција инфо“ на Фејсбук, кои престојуваат во Неа Флогита, споделија фотографии од поплавени улици,што го отежнува движењето низ местото.
View this post on Instagram
Се апелира до граѓаните да внимаваат при движење и да избегнуваат непотребно патување додека трае нестабилното време.