ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ 2 АВГУСТ Режимот е предвиден за сабота претпладне
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Поради одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 9 часот па до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје.
За сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа од булеварот Кочо Рацин до улицата 11 Октомври (кај зграда на Црвен крст) и крстосницата од Филип Втори Македонски до Кеј 13 Ноември.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.