Поради дефект на водоводната мрежа од изутринава без вода е голем дел од централното подрачје на Охрид.
Надвор од водоснабдителниот систем се корисниците на улиците Кеј Македонија, Партизанска со сите споредни улици , Славеј Планина, дел од булеварот Туристичка, дел од Јане Сандански, Димитар Влахов со сите споредни улици, како и долната зона од Стариот дел на градот, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Екипи на Јавното претпријатие се на терен. Се интервенира на отстранување на дефектот, но бидејќи се работи на тешко пристапен терен под објекти санацијата може да потрае.