ЦЕНТАРЦИ ЌЕ ДОБИВААТ ИНФОРМАЦИЈА ЗА СЛОБОДЕН ПАРКИНГ Герасимовски најавува дигитална општина

Општина Центар е прва општина која го воведува проектот кој предвидува паметно паркирање, паметно осветлување и административна дигитализација во општината, рече Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ.

217

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и коалицијата го најави проектот „Smart city“.

– Општина Центар е прва општина која го воведува проектот кој предвидува паметно паркирање, паметно осветлување и административна дигитализација во општината. Преку ’Smart City‘ и мобилните уреди граѓаните ќе добиваат информација за слободните паркинг-места на локацијата каде што се наоѓаат. Имплементацијата на проектот ќе започне од улицата Орце Николов која во моментов е во фаза на реконструкција и ќе се реализира во неколку етапи. Станува збор за модернизирање на системот за јавно осветлување со воведување на ЛЕД-технологија и примена на современи техники за управување и надзор. За реализација на проектот ќе се заменат постојните 7.000 светилки и ќе се постават нови ЛЕД-светилки. Така ќе се намали и годишната потрошена електрична енергија за најмалку 60 отсто – изјави Герасимовски.






Проектот, додаде тој, треба да го подобри квалитетот на живее на граѓаните, да донесе значителна заштеда на финансиски средства, поголема енергетска ефикасност, зголемена безбедност на јавните површини, естетски изглед на општината, намалено светлосно загадување и придонес во заштитата на животната средина.

– Овој проект е особено важен за постојните станари во Центар, затоа што проектот нуди апликација за смарт паркирање која известува за слободно паркинг место во различните реони на општината. Вредноста на проектот „Smart City“ чини околу 230.000.000 денари, а неговата финална реализација треба да заврши до крајот на 2026 година – рече Герасимовски.

Поврзани содржини