ЦЕНТАР ОД 2018 ДО СЕГА НЕ ПРОДАЛ НИ ПЕДА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ Продажбата е по цена од 2011 година

Општина Центар-Скопје од преземањето на надлежностите од Министерството за транспорт и врски во декември 2018 година, не продала ниту еден квадрат градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија по пат на јавно наддавање, наведуваат од Општината.

625

Општина Центар остро реагира на изјавите од ВМРО-ДПМНЕ дека продала државно земјиште и ги отфрла како невистинити тврдењата искажани со цел намерно замајување на граѓаните.

Општина Центар-Скопје од преземањето на надлежностите од Министерството за транспорт и врски во декември 2018 година, не продала ниту еден квадрат градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија по пат на јавно наддавање, наведуваат од Општината.






Оттаму објаснуваат дека во случајов се работи за две посебни градежни парцели, од кои за едната, ГП 37.3 со намена А2-домување во станбени згради од ДУП Градска четврт Ј 07, општината повела постапка за дооформување на градежно земјиште. Сопственикот на парцелата го исполнил условот наметнат од Законот, односно поседувал над 30% од градежната парцела, општината постапила согласно Законот и ја спровела постапката.

За другата градежна парцела, ГП 37.2 од ДУП Ј 07, со намена Б 5- хотелски комплекси, сопственикот купил само дел од земјиштето под легализирани објекти, согласно Законот, со што другите постапки за земјиштето не се водени пред Општина Центар.

„Се работи за продажба на земјиште од страна на Управата за имотно правни работи при Министерството за финансии, кое спроведува постапка по барање од инвеститор за приватизација на ова градежно земјиште. Државното земјиште е отуѓено по цена која е формирана со Уредба за висината на надомест за приватизација на градежно земјиште, објавена во Службен Весник уште во 2011 година. Општина Центар, во најмала рака сегашното раководство, досега не продала ниту квадрат државно земјиште. Горан Герасимовски, актуелниот градоначалник на Општина Центар, уште во предизборниот период, во многу наврати повтори дека нема да дозволи злоупотреба на ниту една педа државно земјиште. Наспроти тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, Герасимовски излегува на терен и прави увид при издавањето на секое одобрување за градба, дали просторот одговара за понудената цена, на каква местоположба се наоѓа итн.“, се наведува во реакцијата на Општина Центар.

Поврзани содржини