ЦЕНТАР ЌЕ ДОБИЕ ЦЕНТАР ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ Котлар ветува градинки во кои ќе се згрижат 600 деца (ВИДЕО)
Градинките ќе се градат во Пролет, Маџир Маало, Дебар Маало и во Капиштец.
Кандидатката за градоначалник на општина Центар од редовите на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Наташа Котлар  информира за неколку проекти кои ќе бидат спроведени, ако таа победи на локалните избори во оваа општина.
 
		Можеби ќе ве интересира
	
			-За првпат во Центар  формираме центар за ментално здравје за деца со попреченост, 4 нови градинки со опфат од околу 600 деца во: Пролет, Маџир Маало, Дебар Маало и во Капиштец. Ќе се ангажираме за зелено училиште за настава во природа – рече Котлар.
 
			