ВИСОК ГОДИШЕН РАСТ НА ЦЕНИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО Зеленчукот поскапел за 63,3%, а овошјето за 33%

Податоците кои денеска ги објави Државнот завод за статистика покажуваат дека на годишно ниво цените во земјоделството  во јули  бележат зголемување и кај трошоците (инпутот)  и кај продажбата (аутпутот).

228

За една година, од јули лани до крајот на јули годинава, во земјоделското производство највисоки цени се постигнати кај зеленчукот каде што има пораст од  63,3%, потоа овошјето и грозјето со раст на цената од 33,2% и вината кај кои цената пораснала за 18%, покажуваат податоците на Давниот звод за статистика.

Според овие податоци, цените на житата и оризот се зголемиле само за 2,2%, а на компирот за 7,1% на годишно ниво.






Статистика бележи вкупен годишен раст на цните на растителното земјоделското производство  од 39,9%, додека кај добиточната храна тој раст изнесува 6,5%.

Податоците кои денеска ги објави Државнот завод за статистика покажуваат дека на годишно ниво цените во земјоделството  во јули  бележат зголемување и кај инпутот и кај аутпутот.

Во делот инпут (трошоците во производството и инвестициите) има зголемување на цените од 2,8% кај тековно потрошени средства во земјоделството и од 6,9% кај  цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството.

Притоа највисок раст од 39,1% е забешежан кај цените на ветеринарсните услуги, добиточната храна (11,3%) и одржувањето на зградите и опремата (10,9%).

Намалување на цената од 5,7% има кај цената на енергијата, за 1,4% кај средствата за заштита на растенијата, како и кај семињата од 0,3% и кај ѓубривата од 0,6%

 

Поврзани содржини