ЦЕНИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОРАСНАЛЕ ЗА 18 ОТСТО ЗА ЕДНА ГОДИНА Само за еден месец се зголемиле за 0,4 отсто

Во јули 2022, во споредба со јули 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење на камен“ за 8,9 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ за 16,7 отсто и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 49 отсто.

37

Во јули продажните цени на индустриските производи, се се зголемени за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 18 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јули 2022, во споредба со јуни 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот „рударство и вадење на камен“ за 3,5 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“  за 1 отсто , а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се повисоки за 27,1 отсто.






Во јули 2022, во споредба со јули 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење на камен“ за 8,9 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ за 16,7 отсто и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 49 отсто.

Поврзани содржини