ЦЕНИТЕ СКОКНАА 100 ОТСТО, А ИНФЛАЦИЈАТА САМО 10 ОТСТО Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека власта манипулира со пресметката на инфлацијата
Од партијата бараат нови мерки од владата за да се намали осиромашувањето на народот.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека владата на СДСМ и ДУИ ја користи статистиката како шминка да ја катастрофалната состојба со инфлацијата.
Според партијата, додека основните продукти и потреби на граѓаните растат и до 100 отсто, тие ја пресметуваат инфлацијата со стапка од само 10 отсто.
– Тоа е бесрамно. Реалната стапка на инфлација е далеку повисока доколку се земе предвид дека тоа за кое што граѓаните најмногу ги трошат семејните буџети е поскапено многу повеќе од 10 отсто. За неколку месеци лебот е поскапен за 100 отсто, горивата исто така се речиси двојно поскапи, шеќерот само од април до сега се зголемил за 57 отсто, млекото во споредба со лани е поскапо за 15 отсто , маслото за јадење само од почетокот на годината е поскапено за 70 отсто, брашното за една година е поскапо за 55 отсто, а струјата за 30 отсто.Власта манипулираат со процентот на реалната инфлација вметнувајќи во пресметките производи кои граѓаните еднаш во годината или никогаш не ги набавуваат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат нови мерки од владата за да се намали осиромашувањето на народот.
– Стандардот стрмоглаво паѓа, а народот осиромашува. Власта не превзема никакви мерки тоа да го спречи. Премногу е! Ова мора да престане – додаваат од опозициската партија.