ЦЕНИТЕ ПО КОИ ВЛАДАТА ЌЕ ГИ КУПУВА ЛЕКОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ДЕЛОВНА ТАЈНА!? Пратеничката Мизрахи тврди дека во законот се подметнати скандалозни одредби

Најскандалозно во овој закон е тоа што цената по која што ќе биде набавен лекот од производителот ќе се третира како деловна тајна што е во директна спротиставеност со Законот за јавни набавки – рече Мизрахи.

142

Предлог законот за дополонување на Законот за лекови и медицински средства, иако Владата се обидува да го претстави како решение на проблемот со набавката на лекови за ретките болести, содржи само малверзации – обвини денеска пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи.

– Имено, со законот Министерството за здравство склучува посебни договори со фармацевски компании, по предходна согласност од Владата. Најскандалозно во овој закон е тоа што цената по која што ќе биде набавен лекот од производителот ќе се третира како деловна тајна што е во директна спротиставеност со Законот за јавни набавки. Ова значи дека фармацевската компанија која што го набавила лекот ќе може да го продава лекот многу постапо отколку што го набавила, а притоа лицето кое што ќе го купи лекот нема да добие рефундација на средствата. Ова е класична злоупотреба на лицата со ретки болести и богатење на грбот на овие лица кои што единствено што бараат од државата е да го преживеат секој ден. Значи, мои сограѓани, со овој закон сами ќе си го купите лекот по вртоглави цени и за тоа нема да добиете рефундација на средствата. Владата не се грижи за вас туку за само за посебните договори од кои некој лично ќе печали – рече Мизрахи.

Поврзани содржини