ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 25% ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ЛАНИ Квадратот во најскапиот стан чинел 3.000 евра
Во претходниот квартал, пак, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1% по растот од 19,5% во првиот и од 19,9% во вториот квартал.
Во четвртиот квартал кани недвижностите поскапеле за 25% на годишно ниво, а за 3,2% на месечно, покажуваат денеска објавените податоци на Народната банка.
Во претходниот квартал, пак, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1% по растот од 19,5% во првиот и од 19,9% во вториот квартал.
Народната банка го објавува индексот на цени на недвижности врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на Скопје.
Андреа Серафимовски од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија за МИА изјави дека во 2025 година се стабилизираа цените на градежните материјали годинава и оти годинава очекува стабилизација на продажните цени на становите.
– Очекуваме поголема понуда и се надеваме дека 2026 година ќе биде година која ќе биде запаметена како година во која понудата ќе се израмни со побарувачката. Нашите очекувања се дека ќе се гради не помалку од 2025 година во регионите во кои имаше голема трансакциска активност во годината која измина, тука пред се би ги издвоил полошкиот, пелагонискиот но и скопскиот регион – рече Серафимовски.
Последните податоци од Државниот завод за статистика објавени за октомври лани, покажуваат дека од 446 одобренија за градење, 289 (64,8%) се наменети за објекти од високоградба, како и дека е предвидена изградба на 1.177 станови.
Податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за третиот квартал од 2025 година, покажуваат дека најголема постигната цена на стан по квадратен метар е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 квадратен метар. Станот е на територијата на општина Центар, а за него се дадени 3.000 евра по квадратен метар.