ЦЕНИТЕ НА РАСТИТЕЛНОТО ПРОИЗВОДСТВО ПОРАСНАЛЕ ЗА 14,2% ВО АВГУСТ Земјоделците најмногу трошеле за машини и опрема

Најголем раст на трошоците земјоделците имале за ветеринарни услуги каде што е забележан раст од 37,1% и добиточната храна со раст од 9,9%. Во однос на инвестирањето највисоки се трошоците за машини и опрема кои пораснале за 7,8%.

38

Цените во земјоделството во август 2025 година, споредени со цените во август 2024 година, бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот.

Во делот на трошоците (инпут), во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, има зголемување кај тековно потрошени средства во земјоделството од 2,3 % и  зголемување од 5,7% кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството.






Најголем раст на трошоците земјоделците имале за ветеринарни услуги каде што е забележан раст од 37,1% и добиточната храна со раст од 9,9%. Во однос на инвестирањето највисоки се трошоците за машини и опрема кои пораснале за 7,8%.

Во делот на пласманот на земјоделските производи (аутпут), во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, цените на растителното производство се зголемени за 14,2 %,  а цените на добиточното производство се зголемени за 6,5 %.

Поврзани содржини