Како општествено одговорна компанија во време кога државата и граѓаните се соочуваат со закана од ширење на вирусот Ковид-19, сакаме да ги информираме граѓаните дека цените на сите производи на компанијата остануваат непроменети.
– Во јавноста се појавуваат шпекулации за наводно поскапување на производите. Поради тоа, сакаме да потенцираме дека големопродажните цени на Жито Лукс кон трговците и нашата препорака за малопродажните цени остануваат исти. Малопродажните објекти, како и досега, законски имаат слобода сами да ги формираат финалните продажни цени на производите од сите производители.
Во Жито Лукс, сите производствени капацитети работат нормално со секојдневна испорака на производи и затоа нема потреба од создавање залихи во домовите, соопшти „Жито Лукс“.