ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ПАДНАА ПОД 100 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ Инвеститорите ги чекаат информациите од преговорите САД – Иран

Според пазарните податоци, цената на суровата нафта падна за 4,9% на 87,40 долари за барел, додека Брент падна за 5,9% на 98,51 долари.

274

Цената на нафтата од типот Брент падна под 100 долари за барел по веста за можни разговори меѓу САД и Иран што би можеле да ја завршат војната на Блискиот Исток.

Според пазарните податоци, цената на суровата нафта падна за 4,9% на 87,40 долари за барел, додека Брент падна за 5,9% на 98,51 долари.






Европскиот гас за април на берзата TTF се продаваше по цена од 50,69 евра за мегават-час.

Аналитичарите проценуваат дека преговорите меѓу САД и Иран сега се клучен фактор што влијае на глобалните пазари, бидејќи евентуалниот мир би можел да ги стабилизира цените на енергијата и да ги намали геополитичките ризици.

„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски претставници, објави дека Вашингтон му испратил на Техеран предлог од 15 точки за прекин на конфликтот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека преговорите се во тек и нагласи дека постои интерес кај Иран за постигнување договор, иако официјален Техеран сè уште негира директни разговори.

Поврзани содржини