ЦЕНИТЕ НА КАФЕТО И НА КАКАОТО СТРМОГЛАВО ПАЃААТ Трговците се загрижени од царините на САД

Цената на какаото падна денеска во фјучерс договорите на лондонската берза за 3,1% во однос на затворањето на трговијата на крајот на минатата недела, на 7.907 долари за тон.

3,147

Цените на какаото и кафето нагло паднаа на светските пазари предизвикано од стравот на трговците дека поради американските царини ќе ја намали побарувачката.

Цената на какаото падна денеска во фјучерс договорите на лондонската берза за 3,1% во однос на затворањето на трговијата на крајот на минатата недела, на 7.907 долари за тон.






Царините би можеле да ја намалат американската побарувачка за чоколадо кое доаѓа од Европската унија, Малезија и Индонезија, кои сега ќе плаќаат царини од 20, 24, односно 32%, но трговците очекуваат падот на цените на какаото донекаде ги ограничува стравувањата од можна намалена понуда.

Во главната земјоделска сезона, која трае од 1 април до 30 септември, најголемиот светски производител, Брегот на Слоновата Коска, се очекува да ја забележи својата најлоша жетва во последните десет години.

Паднаа и цените на кафето. Цената на кафето Арабика вчера падна за 0,6% споредено во  однос на цената од  петокот, на 3,6335 долари за фунта. Цената на Робуста беше намалена за 3% и изнесуваше 4.972 долари за тон.

Од ноември 2024 година до март оваа година, цените на Арабика во фјучерс договорите на берзата ICE се зголемија за дури 70% поради лошата жетва во Бразил и другите големи производни региони.

Најголем светски производител на Робуста е Виетнам, кој е на третото место во рангирањето на добавувачи на кафе за американскиот пазар. САД се најголемиот потрошувач на кафе во светот, но и единствени по  тоа дека не плаќаат царина за кафето од 18 век.

Поврзани содржини