ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА СЕ НАМАЛУВААТ Мицкоски очекува инфлацијата догодина да се сведе на 2 до 3 отсто
Првпат по многу месеци и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен партаметар, тоа значи дека се намалуваат, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во следниот период и нејзино сведување на 2 до 3 проценти наредната година.
– Очекувам во овие месеци да има намалување, а следната година да дојдеме до инфлација меѓу 2 и 3 отсто на годишно ниво. Ако ја споредиме инфлацијата со земјите околу нас кои се дел од ЕУ, Хрватска 4,6, Романија 6,8 отсто во август, кај нас има тренд на намалување. Првпат по многу месеци можам да кажам дека и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен параметар, тоа значи дека се намалуваат – рече Мицкоски.
Премиерот информира и дека се изготвуваат мерките за цените на прехранбените производи, како и дека се веќе покренати одредени постапки од инспекциските служби.
– Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Секојдневно екипи на Државниот пазарен инспекторат и на Комисијата за заштита од конкуренција се на терен, дури има одредени постпаки што се покренати – рече Мицкоски.