ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на следната седница на Регулаторна комисија за енергетика се очекува одлука со која дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, а бензините Еуросупер 95 и 98 за 1,5 денари, при што ќе се утврдат нови максимални малопродажни цени.

104

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција.

Според најавата, очекуваните нови максимални цени ќе бидат 82 денари за литар Еуросупер 95, 84 денари за Еуросупер 98 и 95,5 денари за дизел горивото. Овие износи, како што беше посочено, се без попустите што ги обезбедува ОКТА – 2 денари по литар за бензините и 3 денари за дизелот.






Премиерот Мицкоски истакна дека одлуката се очекува да биде донесена на следната седница на Регулаторна комисија за енергетика, врз основа на анализата на движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи во изминатата недела.

– Остануваме и следната недела со мерките за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, како и со усогласување на акцизите со кои може да постапува РКЕ. Државата останува стабилна и навремено ги обезбедува сите количини на нафта и нафтени деривати за граѓаните и бизнисите – рече Мицкоски.

Од Владата очекуваат дека ваквите мерки ќе придонесат за стабилизација на малопродажните цени и намалување на притисокот врз граѓаните и стопанството.

Поврзани содржини