ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ ЗА 2,5 И ЗА 3 ДЕНАРИ ПО ЛИТАР Дизелот остануваа со иста цена
Со одлуката на Регулаторната комисија цените на горивата од полноќ во просек се намалуваат за 1,41%.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница го намали износот на трошокот за работење преку склад и истиот наместо досегашните 1,70 денари ќе изнесува 1,20 денари по литар, што придонесе да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 %.
Основна цел на оваа одлука, соопштија од РКЕ е да се амортизира влијанието на актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати врз домашниот пазар, да се заштитат потрошувачите и да се обезбеди сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата.
Со оваа одлука малопродажната цена на бензинот од 95 октани се намалува за 2,50 денари по литар, на бензинот од 98 октани се намалува за 3,00 денари, додека пак малопродажната цена на дизелот не се менува.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари по литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,663 денари и ќе изнесува 50,410 денари по килограм.
Според тоа, од полноќ ќе важат новите цени:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,410 (денари/килограм)
Од Регулаторната комисија напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.3.2025 година.
-Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени- велат од РКЕ.