ЦЕНИТЕ ЌЕ РАСТАТ И ЗА 50 ОТСТО, А ЗА ЗАЕВ ТОА Е НАЈДОБРОТО Владата нема план за запирање на вртлогот, тврди ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев нема план како да ја избегне кризата која сам ја предизвика.
Цените во продавница ќе растат и за 50 отсто, горивата ќе надминат 80 денари за литар, а Зоран Заев вели тоа е најдоброто, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Од лани досега цените на млекото, месото, зејтинот, брашното и другите основни намирници во малопродажба се зголемени и до 20 отсто. Животот е се поскап, а стандардот ист, дури и тоне – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Заев не успеа да се справи со ниту една криза.
– 60.000 луѓе останаа без работа, 5.600 фирми ставија клуч на врата, а Заев потроши 1 милијарда тврдејќи дека ќе им помогне, а не помогна ништо. Долгот е толку голем што веќе станува прескап секој нов кредит. Заев ја втурна државата во должничка спирала, пропратена со инфлаторен вортекс кој голта се пред себе – велат оттаму.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев нема план како да ја избегне кризата која сам ја предизвика.
– 5 години имаме раст на економијата нешто над 1 отсто, буквално се тапка во место, 5 години нема инвестиции, 5 години стагнација, затоа треба да си замине и да ги остави институциите на оние што знаат да ја стават државата на вистински колосек – велат од ВМРО-ДПМНЕ.