ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО НА НОВ РЕКОРД ПО ЗАТВОРАЊЕТО НА ВЛАДАТА НА САД На Њујоршката берза унца се продаваше и за 3.920 долари

Претходно Голдман Сакс предвиде дека под нормални околности, цената на златото би можела да се искачи на 4.000 долари за унца до средината на 2026 година, додека во случај на исклучително негативен шок, би можела да достигне дури и 5.000 долари.

214

Цената на златото достигна нов рекорд, надминувајќи 3.900 долари за унца, бидејќи затворањето на федералната влада на САД ја зголеми неговата побарувачката. Според податоците од Њујоршката берза, цената на унца злато се искачи на 3.920,90 долари.

Моменталната цена унца од овој благороден метал е  3.860, 61 доларi.






Федералната влада на Соединетите Американски Држави официјално се затвори откако Конгресот не успеа да донесе закон за привремено финансирање до крајниот рок. Изгледите за деблокада се мали со оглед дека републиканците и демократите во конгресот не можат да се договорат околу здравствената политика и кратењето на трошоците.

Покрај ова, слабеењето на пазарот на трудот во САД  и падот на вредноста на доларот на најниско ниво за повеќе од една недела влијае на зголемувањето на цената на златото.

Претходно Голдман Сакс предвиде дека под нормални околности, цената на златото би можела да се искачи на 4.000 долари за унца до средината на 2026 година, додека во случај на исклучително негативен шок, би можела да достигне дури и 5.000 долари. ако неизвесноста потрае може да се очекува прагот од 4.000 долари за унца да се надмине уште овој месец.

 

Поврзани содржини