ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ЈА НАДМИНА ГРАНИЦАТА ОД 3.500 ДОЛАРИ ЗА УНЦА До крајот на годината може да порасне и за 20%

Според податоците за тргување, цената на благородниот метал достигна рекордно високо ниво од 3.534,10 долари, подоцна корегирана на 3.492,10 долари за унца, што претставува зголемување од 1,4% во однос на почетната цена на денот.

152

Цената на декемвриските фјучерси за злато на берзата Comex, која е дел од Њујоршката стоковна берза, денеска, по објавата на царината на САД за прачки од 1 килотрам, ја надмина границата од 3.500 долари за унца за прв пат од 22 април.

Според податоците за тргување, цената на благородниот метал достигна рекордно високо ниво од 3.534,10 долари, подоцна корегирана на 3.492,10 долари за унца, што претставува зголемување од 1,4% во однос на почетната цена на денот.






Според анализата на Светскиот совет за злато (WGC), цената на овој благороден метал во втората половина на 2025 година би можела да се зголеми за околу 5%.

Експертите, меѓутоа, предупредуваат дека во случај на сериозно влошување на глобалната економска и финансиска состојба, побарувачката за „безбедни засолништа“ може нагло да се зголеми, што би можело да ја зголеми цената на златото за дури 10 до 15%.

Поврзани содржини