ЦЕНАТА НА ТЕЧНИОТ ГАС ПОРАСНА НА 58 ЕВРА ЗА МЕГАВАТЧАС Катар го запре производството по нападот на нејзините клучни капацитети

Се проценува дека ова прекинување би можело да загрози околу 15% од европскиот увоз на течен гас, што би го намалило глобалното снабдување и значително би ја зголемило конкуренцијата за алтернативни извори на енергија.

69

Цената на природниот гас во Европа нагло пораснаа откако ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги поттикна стравувањата од прекини во снабдувањето. Фјучерс договорите за гас скокнаа за дури 36% на речиси 58 евра за мегават час, достигнувајќи го највисокото ниво од јануари 2023 година.

Овој скок се случи откако цените веќе забележаа раст од речиси 35% претходниот ден, објави „Трејдинг економикс“.






Порастот на цената е забележан по веста дека катарската државна компанија „Катар Енерџи“ го суспендираше производството на течен природен гас (ЛНГ), откако ирански беспилотни летала ги нападнаа клучните капацитети „Рас Лафан“ и „Месаид“, кои заедно сочинуваат приближно една петтина од светското производство на ЛНГ.

Се проценува дека ова прекинување би можело да загрози околу 15% од европскиот увоз на течен гас, што би го намалило глобалното снабдување и значително би ја зголемило конкуренцијата за алтернативни извори на енергија.

Ситуацијата е дополнително комплицирана од потегот на Иран, кој го блокираше сообраќајот низ Ормутскиот теснец, што дополнително го ограничи извозот од други големи производители од Блискиот Исток.

Овие ризици за снабдување со енергенси доаѓаат кога Европската Унија има ниско ниво на складирање на гас. Зафатеноста на складиштата изнесува 31%.

Поврзани содржини