ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА „НИ РИБА НИ ДЕВОЈКА“ Бислимоски најавува зголемување повисоко од 10 отсто
Бислимоски рече дека МЕПСО побарал уште поголемо зголемување на трошоците во однос на првичното барање.
Цената на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде повисока од 10 отсто, а можно е и укинување на евтината тарифа, изјави првиот ловек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.
Претходно министерот за економија Крешник Бектеши тврдеше дека згоелмувањето на цената на струјата нема да биде над 10 отсто, а експертите и опозицијата тврдеа дека тоа ќе биде далеку повисоко.
– Министерот кажа под 10, други кажуваа 70, некои викаа 30 проценти. Никој од нив на крајот од денот нема да ја понесе одговорноста, туку Регулаторната комисија за енергетика – рече Бислимовски во изјава за емисијата „Студио 10“.
Бислимоски рече дека МЕПСО побарал уште поголемо зголемување на трошоците во однос на првичното барање.
– Барањата на МЕПСО е 82,83 отсто зголемена, не е 60 отсто. Електродистрибуција побара 100 отсто. Во моментов само од овие две компании е побарано зголемување од 40 отсто на сметките за домаќинства и мали потрошувачи. Дел од профитите коишто им се гарантирани, ќе ги тргнеме оваа година. Компаниите ќе изглезат од комфорната зона – рече Бислимовски.
Тој најави дека е можно да се укине евтината дневна тарифа на електрична енергија, бидејќи како што рече нема веќе пикови во периодот од 14 до 16 часот.
– Ги правиме последните анализи, ќе направиме се да ја спасиме дневната евтина тарифа – рече Бислимовски.
Тој најави и дека е можно зголемување на цената на парното.
– Очекуваме „Макпетрол“ да обезбеди природен гас за следната година, цената не ја знаеме, но кога ќе ја дознаеме, таа ќе биде главен инпут за топлинска енергија – рече тој.