ЦЕНАТА НА РУСКАТА НАФТА ВРТОГЛАВО ПАЃА Приходите од нафта намалени за 22,4%
Руското Министерството за финансии објаснува дека главната причина е падот на просечната цена на нафтата и предупредува дека, и покрај фактот дека приходите се уште се над таканареченото основно ниво, ризиците од понатамошно намалување се зголемуваат поради слабеењето на цените на глобалниот пазар, но информациите за случувањата по санкциите на САД говорат дека се намалуваат земјите кои купуваат руската нафта .
Цената на уралската нафта од Балтичкото Море падна на околу 41 долар за барел, додека нафтата од Црното Море се продава за околу 38 долари, што е најниско ниво од почетокот на војната.
Приходите на Русија од нафта и гас значително се намалија, додека во исто време руската нафта се натрупува на море и се потешко наоѓа купувачи, што врши дополнителен притисок врз цените и способноста на Москва да ја финансира војната во Украина.
Според руското Министерство за финансии, како што објави новинската агенција ТАСС во кратко соопштение, приходите на федералниот буџет од нафтениот и гасниот сектор изнесувале 8,03 трилиони рубли (околу 104,6 милијарди долари) во периодот од јануари до ноември годинава. Ова е пад од 22,4% во споредба со истиот период минатата година.
Министерството објаснува дека главната причина е падот на просечната цена на нафтата и предупредува дека, и покрај фактот дека приходите се уште се над таканареченото основно ниво, ризиците од понатамошно намалување се зголемуваат поради слабеењето на цените на глобалниот пазар.
Руските власти тврдат дека фискалното правило и користењето на средствата од Националниот фонд за богатство помагаат во одржувањето на буџетската стабилност, особено преку механизмот на собирање вишок приходи во периоди на високи цени и нивно користење кога приходите паѓаат. Сепак, податоците од меѓународните пазари сугерираат дека наредните месеци би можеле да бидат уште попредизвикувачки.
Но, дека состојбата е многу подраматична, по воведените санкции од САД за рускиот нафтен бизнис укажуваат и информациите дека Русија испраќа нафта со танкери во рекордни количини, но голем дел од овие товари се натрупуваат на море бидејќи купувачите го одложуваат преземањето, рутите се продолжуваат, а некои бродови го менуваат правецот на пловење.
Тоа доведе до скок од 28% на количината на руска нафта што плови во морињата од крајот на август, достигнувајќи го највисокото ниво за две и пол години. Таквиот вишок директно ги намалува цените и ги намалува приходите од извоз.
Ситуацијата е дополнително влошена од фактот дека Индија, најголемиот купувач на руска сурова нафта, би можела привремено драстично да го намали увозот на почетокот на следната година, под притисок од САД.
Иако обемот на тој пад ќе зависи од можните заобиколни решенија и напредокот на преговорите за трговски договор меѓу САД и Индија, повлекувањето на Индија би можело да има сериозен ефект врз руските приходи.